Причината е рекламна кампања за колекцијата „Ха Ха Ха“ со музичарот Хари Стајлс, во која тој носи маица со ликот на розово плишано мече и позира покрај детски душек.
„Гучи и Хари Стајлс се критикувани за рекламна кампања во која Стајлс позира во маица со плишано мече покрај душек за дете, само неколку недели откако нејзината сестринска марка „Баленсијага“ беше вмешана во скандал со детски слики“, пишува Дејли мејл.
На потрошувачите на светскиот моден бренд не им се допаѓа употребата на детски ставари во рекламирањето за возрасни, тие препознаваат непристојни асоцијации во фактот дека „возрасен маж“ позира покрај детски душек.
„Хари Стајлс се појавува во маица со плишано мече и душек за мало дете. Што може да значи ова?“, стои во еден од коментарите на „Твитер“.
Let’s see if we can connect some dots. Gucci and Balenciaga are part of the same French corporation, Kering. Harry Styles features in this new Gucci ad campaign wearing a teddy bear t-shirt and carrying a child’s mattress. What might this mean?? pic.twitter.com/agXOfZbzj2
— David Vance (@DVATW) December 18, 2022
За рекламната кампања зборуваше и наследничката на модната куќа, Александра Зарини, која е и основач на фондација посветена на борбата против сексуалната злоупотреба на децата.
„Зошто да се создава „претстава“ со душек за мали деца и возрасен маж? Мојата загриженост е дека изгледа постои заедничка идеологија во Керинговите модни куќи“, вели Зарини, пренесува Дејли мејл.
Корисниците на социјалните мрежи привлекоа внимание и на фактот дека „Гучи“ и „Баленсијага“ припаѓаат на иста компанија „Керинг“. Модната куќа се уште не ги коментира критиките, ниту пак Хари Стајлс проговорил за тоа.
Пред тоа, скандал избувна и околу рекламната кампања на брендот „Баленсијага“, во која децата позираа со додатоци во контроверзен стил. На фотографиите се гледа и судски документ кој ја оправдува детската порнографија. По критиките на брендот се појавија гласини дека Демна Гвасалија ќе ја напушти модната куќа, но тоа не се случи. Самиот дизајнер лично се извини за рекламната кампања.