Припадниците на МВР во Сремска Митровица лишиле од слобода четиринаесетгодишник од Лачарк, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста, јавува Блиц.
Тој е осомничен дека на социјалната мрежа објавил фотографија од осомничениот за убиството на осум деца и припадник на обезбедување во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, со одобрение и порака дека и тој ќе го стори истото.
Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица.