Момчето кое ги уби своите другарчиња лекарите ги прашувал само едно прашање

Момчето (13), кое е осомничено дека го извршило масакрот во училиштето во Врачар, во ниту еден момент не се интересирало за жртвите, се грижи само дали станал популарен поради неговиот безумен чин, пишуваат српските медиуми.

„Зборуваат ли за мене, дали јас сум крал на мрежите?“, ова се наводно единствените прашања што момчето (13) му ги поставува на персоналот на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци, каде што е сместен откако минатата среда уби осум соученици и еден чувар, пренесува Република.

Како што откри извор од институцијата каде што бил сместен, тој никогаш не пројавувал интерес за учениците, не покажал ни трошка сочувство, единствено што го интересира е колку е популарен.

Advertisements

„Секој ден, барем еднаш, прашува што се случува надвор, дали зборуваат за него, што зборуваат, особено на социјалните мрежи. Во возбуда е, се уште е целосно несвесен што направил. “, вели соговорникот.

Момчето е под будното око на персоналот. По пристигнувањето бил на разговор со лекарскиот совет, а на прегледи бил и претходните денови. Сепак, тој сè уште не покажува знаци на каење за убиството на своите школски другари, како што не покажа за време на неговото сведочење.