Момчето што го изврши масакрот во Белград редовно одело на стрелиште со својот татко

Уапсен е и таткото на момчето кое утрово изврши масакр во училиште во Белград, изјави министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Тој легално ги поседувал двата пиштоли со кој пукало момчето. Изјавил дека поседува неколку оружја кои ги чувал затворени под шифра, но очигледно детето ја знаело шифрата.

Момчето, како што објавивме претходно, според изјави на вонредна конференција за медиумите, подолго време го планирало масакарот и имало список со имињата на децата кои планирал да ги ликвидира.

Advertisements

Списокот и планот на училиштето биле пронајдени на неговото биро во неговата соба.

На училиште дошол со оружје што го зел од татко му но и со 3 рамки полни со по 15 куршуми.

„Според неофицијални информации, тој одел редовно на стрелиште заедно со неговиот татко, тренирал стрелање. Дали во тоа треба да се вклучи дете од 12, 13 години? Против неговиот татко ќе бидат преземени мерките предвидени со закон“, рече министерот Гашиќ.

Ученикот уби седум девојчиња, едно момче и чуварот на училишното обезбедување.

Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, изјави дека ученикот повикал полиција и рекол:

„Јас сум Коста Кецмановиќ“, и пријавил дека пукал во неколку лица.