Момчето убиец давало сигнали дека ќе направи злосторство, но никој не го видел тоа

Момчето убиец Коста.К давало јасни сигнали и пораки дека подготвува кривично дело, но тоа требало некој да го препознае, сметаат Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање на криминал при српското МВР и психологот Радмила Вулиќ Бојовиќ. Тие вечерва беа гостинки на Тв Блиц.

Отовиќ Пјановиќ вели дека никогаш нема да може да ја извади од глава грозоморната сцена која ја нашла при доаѓањето на местото на злосторството.

„Се чувствувам лошо и немоќно. Затекнавме необична и грозоморна сцена кога стигнавме на местото на злосторството, самиот факт и бројката зборуваат сами за себе. Се очекува да можеме да ги одвоиме емоциите од професионалните, но никогаш нема да го заборавам тој ден, тие деца“, изјави Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање на криминалот на српското МВР.

Advertisements

Психологот Радмила Вулиќ Бојовиќ, изјави дека во Србија времето ќе се смета до 3 мај и по 3 мај.

„Тоа се екстремни ситуации и несекојдневни настани кои суштински го менуваат животот. Мислам дека во некое размислување ќе го поделиме времето до 3 мај и после 3 мај. Кога ја слушнав веста, бев во шок и неверување. Кога слушнав дека има 14 години, помислив дека е грешка. Кога слушнав дека детето ги убило своите пријатели, тоа е само ново ниво на ужас. Секоја наредна информација отвораше некое ново ниво на траума. Вакво нешто за прв пат се среќаваме. За жал, во текот на сето ова учиме“,  вели Вулиќ Бојовиќ.

Бојовиќ истакнува дека сигурно имало показатели дека нешто се случува со момчето.

„Очигледно, тоа момче има фасада за надвор, но неговиот внатрешен свет изгледаше сосема поинаку. Ова не може да го направи обичен човек, личност. Ова е незамисливо злосторство. Сигурно имало показатели дека нешто се случува со тоа дете. Тој што имал добро прилагодена диоптрија можел да види. Очигледно е дека е многу интелигентен и организиран, од друга страна добар ученик, а сега стана кошмар. Никој немал доволно контакт со неговиот внатрешен свет. Тоа не може да го направи личност која има емпатија. Суштината е во тоа. Несфатливо ми е 13 годишно дете да направи вакво нешто. Сè уште ќе учиме од ова и ќе се соочиме со него. Сето ова е уште многу свежо – смета Вулиќ Бојовиќ.

Имало сигнали и пораки дека се подготвува злосторство, а момчето убиец јасно го покажало тоа, вели Отовиќ Пјановиќ.

„Имало многу сигнали и пораки. Тоа јасно го покажувал, само требаше некој да го види. Сите сме одговорни за тоа, но суштината на семејството ја гледам во тоа што тоа има примарна улога. Некако ми е невозможно родител да не го сфати тоа. Неговите статусни објави го навестуваат тоа“, рече Бојана Отовиќ Пјановиќ и додаде:

„Неверојатно ми е што не можело да се види. Сите тие хартии на бирото. Мислам дека тоа дете барало помош и љубов. Мислам дека тој е емотивна нула. Сите бевме многу повознемирени од него. Беше целосно ладен, тотално емотивно оддалечен. Невозможно ми е татко му да не ја забележал неговата промена во однесувањето“, изјави Отовиќ Пјановиќ.

Гостите се согласни дека седмоодделенецот на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе го сторел делото и доколку немал пристап до оружје.