Во Сараево, Босна и Херцеговина, на пазарот Циглана се случи монструозно силување на постара жена. Според полициската управа Центар Сараево, жената случајот го пријавила неколку дена по немилиот настан.
Како што неофицијално дознава босански „Аваз“, настанот се случил пред неколку дена, а случајот жената го пријавила дури во петокот. Станува збор за баба од Илијаш која продава волнени чорапи на пазар.
Мирза Хаџиабдиќ, портпарол на МУП на кантонот Сараево, за „Аваз“ потврдил дека инцидентот бил пријавен во полиција.
„Регистрирана е пријава и по истата постапуваат полициски службеници при МУП на кантон Сараево, а под надзор на обвинителството на кантон Сараево преземаат мерки и дејствија со цел расветлување и документирање на сите околности поврзани со пријавениот настан со карактеристики на две кривични дела – тешка кражба на особено дрзок или особено опасен начин и силување. Имајќи го предвид горенаведеното, за да ги заштитиме интересите на жртвата, како и истрагата, не можеме да обезбедиме никакви дополнителни или подетални информации“, изјави Хаџиабдиќ за порталот Аваз.
Напаѓачот се уште не е уапсен и по него интензивно се трага.