Наставниците трчаа, го заклучија училиштето, ни рекоа да не излегуваме – сведочи преплашена ученичка за ужасот во Белград

Според последните информации кои ги објавија српските медиуми  во пукањето во белградското основно училиште загинале осум деца и чувар .

„Не го слушнав пукањето, но ги видов наставниците како трчаат… Го заклучија училиштето, наставниците ни рекоа да не излегуваме…“, со овие зборови, со треперлив глас, раскажува ученичка од Врачар, каде ученикот К.К. (14) беше уапсен веднаш по престрелката, пишува српски Телеграф.

„Бевме во канцеларија. Не ни беше дозволено да излеземе. Од прозорецот ги видовме полицијата и брзата помош“, рече ученичката.

Advertisements

Денеска одличен ученик вооружен со пиштолот на татко му дошол во училиштето, го застрелал чуварот, а потоа убил тројца другари во ходникот, а потоа упаднал на час по историја и таму ја застрелал професорката.