Недела ќе биде тежок ден за српскиот народ и срам за Европа – Вучиќ за изборите на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ,  ги повика Србите на Косово да останат смирени на денот на изборите в недела кога во четити српски општини на северот на Ксоово, Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ ќе се одржат вонредни избори за градоначалници.

„Недела ќе биде тежок ден за српскиот народ и страшен ден за демократијата. Тоа ќе биде денот кога официјално ќе се одбележи срамот на Европа и на светот“, изјави Вучиќ во интервју за ТВ Прва.

На изборите Србите нема да учествуваат. Одлуката за изборите властите во Приштина ја донесоа откако минатата година градоначалниците на три општини поднесоа оставки, во знак на противење на одлуката на владата на премиерот Курти да инциира процес за пререгистрација на возилата и одбивањето да ја формира Заедницата на Српски општини.

Advertisements

Во интервјуто Вучиќ најави дека на 27 мај ќе се повлече од челната позиција на Српската напредна партија и додаде дека не знае кој ќе биде негов наследник, бидејќи во игра биле три-четири имиња.