„Нема да толерираме картели“ – изречени казни од над 450 милиони евра за автомобилски компании

Европската комисија денеска објави дека изрекла казна од околу 458 милиони евра на 15 големи производители на автомобили од Европската асоцијација на производители на автомобили за нивните усогласени практики во врска со рециклирањето на возилата на крајот на животниот век.

ЕК соопшти дека во период од 15 години, 16 производители на автомобили, вклучувајќи ги „Тојота“, „Фолксваген“ и „БМВ“, склучиле договор против конкуренцијата за усогласени практики за рециклирање автомобили, објави „Ројтерс“.

Мерцедес-Бенц, кој исто така учествуваше во договорот, не беше казнет затоа што и го откри здружувањето на Комисијата во програмата за попустливост, пренесува „Танјуг“.

Минатиот месец антимонополските регулатори на Европската унија извршија рација во неколку автомобилски компании и здруженија под сомнение дека ги прекршиле антимонополските правила.

„Нема да толерираме картели од каков било вид, особено оние кои ја ограничуваат транспарентноста и свеста на клиентите во однос на еколошките аспекти на производите“, изјави Тереза Рибера, еврокомесар за конкуренција и потпретседател на ЕК за праведна енергетска транзиција.

Најголемите казни:

Фолксваген – 127,69 милиони евра

Рено-Нисан – 81,46 милиони евра

Стелантис – 74,93 милиони евра

Форд – 41,46 милиони евра

Други санкционирани компании се Тојота, Мицубиши, Хонда, Хјундаи, Јагуар, Ланд Ровер, Мазда, Сузуки и Волво. Компанијата Мерцедес-Бенц избегна казна затоа што прва ја извести Европската комисија за постоењето на картелот.

Сите казнети компании ги признаа прекршувањата, со што добија намалување на казната за 10 проценти, согласно правилата на ЕК за соработка во истраги за антимонополско однесување.