Немаат веќе солзи да ја исплачат тагата – им се родил внук, наместо да слават, спремаат погреб за младиот Марко

Го убија Марко, мојот внук го нема, оваа тага во домот на дедото на Марко М.(18), млад човек кој синоќа беше убиен кога Урош Блажиќ пукаше од автоматска пушка и пиштол, а потоа уби осум и повреди 14 лица ја пренесува српскиот портал „Блиц“.

„Ми го убија детето, боже, што ни направија – рекол дедото за „Блиц“.

До него стоела бабата на убиениот млад човек која едваш дишела

Advertisements
„Вчера отиде на училиште, беше таму, не можеше да ги пропушти часовите. Веднаш по училиште отишол да го види детето затоа што неговата сестра се породила. Беше многу среќен. После тоа, тој и неговите пријатели отишле да слават во паркот каде што сите биле убиени“, ја започнува приказната бабата на младиот човек.

Таа наведува дека Марко бил среќен што станал вујко и дека едвај чекал да го види детето.

„Што згреши? Тој никогаш не го видел убиецот, не знаеме кој е тој човек. Што сакаше од нашето дете? Наместо да славиме внуче, ние подготвуваме погреб. Тешко ни е, мојот внук го нема“, рекла бабата на младиот човек пренесува „Блиц“.