Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, побара од српскиот претседател Александар Вучиќ да ја послуша препораката на официјална Будимпешта и да ги врати уапсените полицајци на Косово во нивната земја, јавуваат српските медиуми.
„Многу внимателно ги следиме настаните на Косово и гледаме што им се прави на Србите. Со почит, те молам, драг Александар, добро размисли за ова. Непријателите на Србија се желни да ѝ наштетат на Србија и ова е таква ситуација и случај што мислам дека ќе биде подобро да ја слушнете препораката на Унгарија да ги вратите во Косово“, рече Обран во Суботица.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и унгарската претседателка Каталин Новак денеска заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ, како и членовите на владите на двете земји, ја одржаа првата седница на Стратешкиот совет за соработка на Србија и Унгарија. Потпишани се и билатерални договори во повеќе сфери.
Tројца косовски гранични полицајци беа уапсени од српските сили минатата недела.
Србија соопшти дека тие биле уапсени длабоко во нејзината територија, но Приштина тврди дека тие патролирале на косовска територија и биле киднапирани од српската жандармерија.
Полицајците се во притвор во Краљево и се соочуваат со кривичното дело недозволено поседување и носење на оружје, за кое е можна казна и до 12 години затвор.
Фото: Фејсбук