Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е „најголемата закана“ за регионот на Блискиот Исток, во телефонски разговор со емирот на Катар, соопшти неговиот кабинет.
Ердоган нагласил дека „ќе продолжи со своите напори за ставање крај на спиралата на насилство и дека Нетанјаху уште еднаш покажа дека е најголемата закана за безбедноста на регионот“, според соопштение од кабинетот на претседателот.
Инаку, силни експлозии се регистрирани во неколку делови од Техеран, јавија западни медиуми кои имаат дописници во иранскиот главен град во момент кога се интензивираат нападите меѓу Иран и Израел петти ден по ред.
Според новинарите, експлозиите се регистрирани во северниот, западниот и централниот дел од Техеран.
Не е засега јасно дали експлозиите се резултат на израелски напади или на оган од иранската ПВО.