Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи победа по вториот круг гласање што претставуваше најголем предизвик за неговото 20-годишно владеење, пренесува АФП.
Речиси целосните резултати покажаа дека тој води пред опозицискиот ривал Кемал Киличдароглу за четири процентни поени.
„Ние ќе управуваме со земјата во наредните пет години“, им рече Ердоган на своите поддржувачи од автобус во неговиот роден кварт во Истанбул. „Со божја волја, ќе ја заслужиме вашата доверба“, додаде Ердоган.
Главните градови во Турција ја прославуваат победата.
Сообраќајот на култниот плоштад Таксим во Истанбул е запрен и огромна толпа се собра пред неговата претседателска палата во Анкара.
Опозицискиот лидер вети дека ќе даде изјава подоцна.
Kısıklı’dayız. ?? https://t.co/KQSKDAroPD
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) May 28, 2023