Никогаш нема да има полицајци и војници од Србија на Косово, порача претседателката Вјоса Османи

Отворената закана од полициска и воена агресија од Србија докажува дека хегемонистичкиот менталитет во таа земја продолжува, објави на социјалната мрежа Фејсбук претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Според неа последните инциденти на северот на Косово, се насочени против уставниот поредок и суверенитетот на Косово и претставуваат повреда на правото на слободно информирање, пренесуваат тамошните медиуми.

Advertisements

„Синоќешната повреда на припадник на Косовската полиција е кривично дело и ориентирано против уставниот поредок на суверенитетот на Косово, како и против постапките за владеење на правото Исто така, нападите врз новинарите претставуваат бесрамно кршење на правото на слободни информации“, реагира Османи.

Таа порача дека ова мора да биде отфрлено. Сторителите на овие кривични дела мора итно да бидат изведени пред лицето на правдата, а правосудните институции веднаш да реагираат.

„Никогаш нема да има полицајци и војници од Србија на територијата на Република Косово! Хегемонистичкиот сон на Србија никогаш нема да се оствари“, посочува Османи.