„Нова С“ и „Н1“ прекинаа да емитуваат програма: „Мрак во Србија без слободни медиуми“

Од ноќеска на полноќ српските телевизиите „Нова С“ и „Н1“ престанаа да емитуваат редовна програма и на екраните гледачите може да ја видат пораката: „Мрак во Србија без слободни медиуми“.

Овие две телевизии, кои работат во рамките на Јунајтед медиа, по полноќ го објавија истиот натпис на своите социјални мрежи, но без притоа да дадат објаснување за што точно се работи.

Телевизија „Н1“ е регионален информативен телевизиски канал кој емитува вести 24 часа дневно, со посредство на кабелски оператори. „Н1“ е екслузивен регионален партнер на „СиЕнЕн“.

Српската телевизија „Нова С“ е дел од регионалната кабелска мрежа во која се и телевизиските канали „Нова ТВ“, „Нова БХ“ и „Нова М“.

Advertisements