Новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа назначи министри во новата Влада на Турција.
Министерството за трезор и финансии го презеде Мехмет Шимшек, познато име на турската политичка сцена. Шимшек претходно беше министер за финансии и економија за време на мандатот на Ердоган како премиер на Турција пред транзицијата на земјата кон претседателски систем на управување. Шимшек беше и вицепремиер.
За министер за надворешни работи е именуван Хакан Фидан (55), на местото на долгогодишниот шеф на дипломатијата Мелвут Чавушоглу. Фидан е на чело на Националната разузнавачка служба од 2010 година, а пред тоа беше советник на Ердоган.
Наместо Хулуси Акар за министер за одбрана е именуван Јашар Ѓулер (69), кој е во армијата 49 години, а од 2018 година беше и началник на Генералштабот.
Потпретседател на Турција ќе биде Џевдет Јилмаз (56), кој претходно беше директор за економски прашања на АК Партијата на Ердоган и вицепремиер за економски прашања.
Министер за полиција ќе биде Али Јерликаја, наместо Сулејман Сојлу, кој на таа функција е од 2018 година. Јерликаја (55) претходно беше гувернер на провинциите Газиантеп, Текирдаг, Агри и Ширнак, според Ројтерс.