Skip to content

Нови избори на Косово и да се формира Заедница на српски општини – Жозеп Борел

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел на социјалната мрежа Твитер повика на организирање нови избори на Косово на кои би учествувале Србите и неодложно формирање на Заедница на српски општини.

Доколку ова не биде направено најави сериозни последици во односите со ЕУ.

Високиот претставник изјави дека овие барања биле соопштени на средбата со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Вјоса Османи.

Advertisements

И Шолц и Макрон посредуваа меѓу претседателката на Косово, Вјоса Османи и српскиот претседател Александар Вучиќ на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија.

Францускиот претседател Макрон изјави дека тој и германскиот канцелар побарале од претседателите на Косово и на Србија новите избори да се спроведат што е можно поскоро, со придржување кон јасна обврска на Косово и јасно изборно учество од страна на српска страна.

Тој ја истакна неопходноста од вложување дополнителни заеднички напори за деескалација на ситуацијата и продолжување на разговорите, како и клучната улога на Србија во зачувувањето на мирот и напорите за решавање на сите отворени прашања преку дијалог, а не преку провокации и неодговорни еднострани потези.

„Ги повторив позициите на нашата земја во однос на најважните светски геополитички настани и истакнав дека Србија останува доследен и доверлив партнер во зачувувањето на регионалниот мир и стабилност, водени пред се од националните и државните интереси“, вели Вучиќ.

© Глaголица, glagolica.mk, 2024, Услови за користење