Радиша Блажиќ, таткото на монструмот од Младеновац, Урош, според непотврдени информации денеска починал наводно од срцев удар, објави Република.рс.
Урош Блажиќ завчера уби осум и рани 14 лица.
Во исказот што денеска го дал пред обвинител, тој признал дека извршил кривични дела, наведувајќи дека со пушка и пиштол пукал кон неколку лица кои биле во групата за да го исплаши населението. Обвинителството побара притвор, што судијата го прифати бидејќи постоеја ризици од бегство.

