Оливер Стоун за Политика: Бајден е многу опасен дедо, мисли дека ќе ја контролира Русија ако се ослободи од Путин

Американскиот режисер Оливер Стоун призна дека направил грешка кога гласал за Џо Бајден на претседателските избори во САД во 2020 година. Ова го изјави во интервју за српскиот весник Политика.

Познатиот режисер вели дека „навистина мислел дека Бајден старее и ќе биде позрел и помалку воинствен, бидејќи неговото потекло е ужасно воинствено“.

Според Стоун, овој политичар „секогаш поддржувал војни“.

Advertisements

Претседателот на САД, вели Стоун, сега е најстариот дедо кој е многу опасен, и додава дека тој дедо вика: „

„Ајде да убиваме Руси, сега ни е шансата“. Тој ја поистоветува Русија со Путин и мисли дека доколку се ослободи од Путин, дека ќе ја контролира Русија како во времето на Јелцин. А тоа е само сон“, изјави Стоун за Политика.

САД, додава познатиот режисер, се експерт за осуда на секоја земја во светот кога ќе ја премине линијата на меѓународниот поредок, она што тие го нарекуваат правила, а Америка ги крши сите правила кога сака и вие тоа го знаете“.

„Еден од најлошите случаи е Асанж и неговото малтретирање. Сите кажаа дека треба да се ослободи Асанж, но САД се упорни во својата одмазда. Па, кои сме ние да покажуваме со прст во кого било? Да им кажуваме на Русите што да прават. Мислам, смешно е имајќи предвид што имаме ние правено“ изјави Стоун.

Стоун направи два документарни филма за настаните во Киев, „Украина во пламен“ во 2026 и „Откривајќи ја Украина“ во 2019.

Понатаму во интервјуто за Политика, Стоун вели дека на изборите во САД  би гласал за трета страна.

„Нема надеж за Америка, освен појава на трета страна, бидејќи и републиканците и демократите работат и функционираат исто и исти пари вложуваат во воената индустрија“, изјави познатиот режисер.

ФОТО: Фејсбук