Османи: Историски чин е барањето за членство на Косово во ЕУ

Косовската претседателка Вјоса Османи го нарече историски чекор денешното потпишување на барањето на Косово за членство во Европската унија (ЕУ). Османи, премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца заеднички ја потпишаа апликацијата за членство во ЕУ.

„Денеска е историски ден и историски момент бидејќи 14 декември е значаен датум во современата историја на Република Косово бидејќи го означува формирањето на нашата армија и поднесувањето барања за членство во ЕУ. Никогаш немало друга алтернатива за Косово и неговите граѓани. Овој чин е посветен на сите граѓани на нашата земја, но пред се, овој момент е посветен на секое дете, жена и маж на Косово“, рече Османи.

Advertisements

Османи оцени дека Косово е земја на човекови права, слободни медиуми, гарант на верските слободи и додаде дека патот на најмладата земја на стариот континент е јасен.

„Ова е првиот чекор кон остварување на „аспирациите и нескршливата посветеност на нашиот народ за мир, слобода, еднаквост и правда, нашата јасна европска и евроатлантска ориентација и социјалната и политички консензус дека иднината се нашите земји во ЕУ“, рече премиерот Курти по потпишувањето на апликацијата за членство во Европската унија.

Курти најави дека апликацијата ќе биде поднесена до претседателството на ЕУ, Чешка, во Прага.

Косово заслужува да стане земја кандидат во Европската унија, изјави претседателот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца.

„Денес е важен ден за Косово. Се собравме со голема гордост и посветеност да го потпишеме писмото со барање за членство во ЕУ“, рече Коњуфца.