Оставка поднесе српскиот министер за образование Бранко Ружиќ – „солзите ќе ги носам како печат до крајот на животот“

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ денеска поднесе неотповиклива оставка до премиерката на Србија Ана Брнабиќ, соопшти за Танјуг Министерството за образование.

Во писмото што го испрати до премиерката, Ружиќ уште еднаш „со неискажлива болка им изразува најдлабоко сочувство до најблиските на жртвите“ и додава „ангелчињата да почиваат во мир и Господ нека ни е на помош вакво нешто никогаш да не се случува повторно“.

„Драматичните слики од настаните од училиштето, солзите пролеани при изразување на сочувство до неутешните родители на настраданите деца, ќе ги носам како печат на мојата душа до крајот на животот“, вели Ружиќ во писмото до премиерката.

Advertisements

Тој утринава положи венец и се потпиша во книгата на жалост во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.