Невидена трагедија се случи во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“, кога 14-годишно момче уби осум ученици, како и Драган Влаховиќ, човек кој работел како обезбедување во училиштето.
Според неофицијални информации, момчето упаднало на час по историја и почнало да пука во учениците.
Убиениот чувар е Драган Влаховиќ, кој важеше за исклучително грижлив и внимателен кон децата.

Напаѓачот е уапсен, а полицијата и итната помош се уште се на терен. МУП соопшти дека се сомнева дека пукал од пиштолот на татко му.

