Ова е најомилениот ученик во регионот – земал 3.000 евра од родителите и ги поделил на другарчињата

Ученик во четврто одделение во Алексинац, Србија, ја споделил семејната заштеда со соучениците. Според неофицијални информации, се работи за сума од околу 3.000 евра, која му била вратена на семејството откако родителите на неговите другари забележале дека нивните деца се полни со пари кои што ги немаат добиено од нив, објави српскиот портал Нова.рс.

Дека има вистина во овие наводи индиректно потврдило и раководството на училиштето, наведувајќи дека се работи за „приватна ситуација меѓу родителите која била надмината со добра соработка“.

Според зборовите на еден родител чие дете ја посетува оваа образовна установа, детето во училиштето донело 3.000 евра семејна заштеда и одлучило да ја сподели со другарите.

Advertisements

„Им делел пари на соучениците, секој добивал од 50 до 100 евра. Ги водел децата на пица и колачиња. За ова се дознало дури кога родителите нашле пари во џебовите на децата. Децата ја криеја вистината од родителите додека не се вклучи директорот на училиштето. По родителската средба сите пари се вратени на семејството на детето“, вели овој жител на Алексинац.