Беџет Пацоли, лидерот на Алијансата за ново Косово оцени дека ситуацијата на северот на Косово не е добра за никого, а ниту американските санкции, особено што тие доаѓаат од нивните традиционални партнери.
Според Пацоли сега не требало да има локални избори на северот од Косово.
„Албин Курти или било кој, не може да си игра со судбината на Косово и да ги игнорира советите на нашите традиционални партнери, особено на САД“, рече Пацоли.
Познато е дека Пацоли и претходно, кога имаше тензии меѓу Србија и Косово во врска со таксата на увозот испрати пораки до тогашниот премиер Харадинај, дека не смее да го одбие барањето на Соединетите Американски Држави и дека треба да се укине таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
„Нашите црвени линии ги дефиниравме, не се поместуваме ниту милиметар“ - Мицкоски за устав...
Европол во акција на Балканот уапси 11 шверцери на кокаин
Парите на граѓаните се делат зад затворени врати - Бојковски бара и советниците да ја крој...
ВИДЕО „Голем ризик е спојувањето на безбедносните структури“ - Филипче се сретна со Сиљано...
Левица бара кривична одговорност за инспектор кој замижува пред дивоградба среде чаршијата...