Почина еден од најдобрите светски тенисери, освои 13 Гренд слем титули

Овен Дејвидсон, легендарниот тенисер и освојувач на вкупно 13 Гренд слем титули, почина во саботата  на 79-годишна возраст.

Еден од најдобрите и најдоминантните тенисери во периодот од 1960-1970 година не напушти оваа сабота. Во текот на својата богата и успешна кариера 13 пати ја освојуваше Гренд слем титулата во сингл и во двојки.

Тој е еден од ретките што успеа да го освои „календар слем“, откако во 1967 година славеше на четирите најголеми турнири во годината, во двојки.

Advertisements

Тоа го направи три пати со Кинг и еднаш со Лесли Тарнер.

Австралискиот тенисер влезе во историјата како првиот човек кој победил во меч во ерата на Опен, победувајќи го Џон Клифтон во 1968 година.

Кога се зборува за сингл, најдобар пласман му беше осмото место на АТП листата.