Познатиот креатор и стилист Саша Видиќ почина на 52-годишна возраст во КБЦ Бежанијска Коса, јавуваат српските медиуми.
Саша Видиќ креираше за познати личности, пејачи и актери.
Тој ги креираше и дресовите за српските спортисти на Олимпијадата во Лондон, како и дресовите за фудбалската репрезентација на Србија за Светското првенство во Русија. Имаше свој моден бренд.
Креаторот е роден во селото Млака во Хрватска во 1971 година.
Дел од животот го поминал во Бања Лука, а потоа се преселил кај вујко му во Белград, каде ја продолжил кариерата.

