Хосеп Марија Фусте, легендарниот фудбалер на Барселона и репрезентативец на Шпанија, почина на 82-годишна возраст.
Фусте беше член на славниот тим на „црвената фурија“ кој се искачи на врвот на Европа во 1964 година на шампионатот во оваа земја.
Играше како играч за врска, а во дресот на Барселона мина десет години, со 406 натпревари и 117 голови.
Josep Maria Fusté, who made 406 appearances and scored 117 goals while starring for Barça from 1962 to 1972, has passed away.
Barça fans everywhere will always remember you. Rest in peace. pic.twitter.com/orSmpy4NLp
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 20, 2023
Играше и за Осасуна и Херкулес, пред да ја заврши кариерата во 1973 година.
За шпанската репрезентација одигра осум натпревари и постигна три гола, од кои еден го постигна на Светското првенство во Англија во 1966 година против Западна Германија.
Од него се прости и Реал Мадрид:
„Раководството на Реал Мадрид е длабоко тажно поради смртта на Хосеп Марија Фусте, легендата на Барселона и шпанскиот фудбал, репрезентативец кој се искачи на врвот на Европа во 1964 година“, се вели во соопштението на Реал.