Почина познатиот фудбалер Џанлука Виjали

Познатиот фудбалер Џанлука Виjали почина на 58 годишна возраст. Поранешниот италијански репрезентативец почина во болница во Лондон од последици на рак на панкреасот, болест со која се бореше од 2018 година.

Вијали е роден на 9 јули во 1964 година во Кремона. По добрите партии во Кремонезе направи трансфер во Сампдорија во 1984 година и за осум сезони одигра 327 натпревари и постигна 141 гол. Четири години настапуваше и во дресот на Јувентус (145 меча/53 гола), а последните три години од кариерата го мина во лондонски Челзи.

За Италија одигра 59 меча во кои постигна 16 гола.

Advertisements

Вијали е еден од ретките фудбалери кои ги освои сите трофеи во европските купови – Купот на шампиони со Јувентус во сезоната 1995/96, Купот на УЕФА со Сампдорија во сезоната 1992/93 и Купот на победниците на купови (КПК) со Челзи во сезоната 1997/98.

По завршување на фудбалската кариера беше менаџер на Челзи, потоа седна и на клупата на Вотфорд, а во последните години работеше како асистент на Роберто Манчини во стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Италија