Популарен хрватски фитнес тренер извршил страшно насилство- девојката е преплашена до смрт

Хрватскиот фитнес тренер Марко Лончар е уапсен поради силување и нанесување тешки физички повреди на својата партнерка, јавуваат хрватските медиуми.

Тој е обвинет дека ја силувал својата партнерка во периодот од јуни 2020 година и дека во друга прилика извршил семејно насилство врз неа, а пред една недела ја претепал и и нанел тешки повреди.

Хрватските медиуми јавуваат дека тој  во облакодер во загрепската населба Сопот Лончар ја држел партнерката за коса и и се заканил дека ќе ја фрли од 15-ти кат.Претходно тој ја затворил во соба и со денови ја држел без храна и вода.

Advertisements

Лончар (35) е популарен хрватски фитнес тренер, беше присутен и на државната телевизија како демонстратиор на фитнес вежби  во емисијата „Добро утро, Хрватска“. Тој беше и на насловните страници на фитнес списанија. Инаку, тој е многу активен на социјалните мрежи.

Жупаниското државно правобранителство во Велика Горица објави соопштение во кое се вели дека „постои основано сомнение дека 35-годишниот осомничен првото кривично дело го сторил на почетокот на јуни 2020 година на штета на својот партнер и дека пред четири години извршил второ кривично дело на нејзина штета, како и дека на 08.02.2023 година и нанел повеќе физички повреди“.