Поранешниот фудбалер со 220 км/ч. удрил во ѕид. Повредите биле фатални!

Карјакин бил пренесен во болница, но не можел да се спаси. Повредите биле претешки. „Тоа се случи на 30 метри од мене. Се тркаа два спортски автомобили“, рече еден од сведоците

Поранешниот белоруски фудбалер Александар Карјакин (33) загина во страшна сообраќајна несреќа. Поранешниот играч на Динамо и Спартак од Москва и руски Химки, почина во болница како последица на тешки повреди откако со автомобилот удрил во ѕид на автопатот кој води кон Минск, главниот град на Белорусија. Автомобилот е целосно уништен.

Според руските медиуми, станува збор за автопат на кој полицијата често морала да се пресмета со учесници во нелегални трки со автомобили, а очигледно и самиот Карјакин бил учесник.

Advertisements

– Тоа се случи на 30 метри од мене. Се тркаа два спортски автомобили. Автомобилот се движеше со брзина од најмалку 140 км/ч, можеби и повеќе – изјави еден од сведоците.

Починал во болница

Според руските медиуми, Карјакин наводно возел со брзина поголема од 220 км/ч. Автомобилот удрил во ѕид, а потоа неколку пати се превртел.

– Пријателот на возачот притрчал и успеал да ја извлече жртвата од автомобилот. Во првите десет минути работел моторот на автомобилот, сепак успеале да го исклучат со вадење на млазницата за да не експлодира автомобилот.

Карјакин бил пренесен во болница, но не можел да се спаси. Повредите биле фатални.