Жена од Лештан, Србија тврди дека денеска нејзиниот поранешен сопруг ја демолирал куќата во која живеела со нејзината петгодишна ќерка, пишува Телеграф.
Таа за порталот раскажала дека додека денеска била на работа околу 13 часот била известена дека куќата и е урната од багер. Жената тврди дека нејзината куќа ја демолирал нејзиниот поранешен сопруг кој ја претепал минатата недела.
„Мојот поранешен сопруг замина во октомври да живее со својата девојка. Сега сме во постапка за развод. Во куќата во Лештан останав со ќерка ми. Не може да издржи да живеам во оваа куќа. Претходната недела ме претепа, а сега ми ја сруши“, – раскажува Ј.Ј. видно вознемирена.
Куќата во која живее со нејзината ќерка била оштетена од сите четири страни и практично е несоодветна за живеење. Единствено што остана недопрено е покривот и ходникот.
ФОТО: Телеграф
Како што вели, вечерва таа и нејзината ќерка ќе преноќат во оваа куќа, поточно во единствената просторија која не е оштетена – ходникот.
Соседите не виделе кој ја демолирал куќата. Нејзината ќерка од првиот брак, сега поранешен сопруг, ја известила дека куќата и е урната.
„Ми се јави, плачеше и ми кажа што е направено. Ја зедов ќерка ми на работа со оглед на тоа што сум камионџија и веднаш отидов од Пожаревац во полиција да пријавам. Таму дадов изјава, а полицајците ми кажаа дека пријателот на мојот сопруг ми ја демолирал куќата. Веројатно по негова наредба затоа што не може да ми се доближи, доби забрана за приближување. Сега чекам да слушнам од обвинителството, а немам каде да одам, па во ходникот сум со ќерка ми“, тврди таа.