Драматичната снимка објавена е на социјалните мрежи на која се гледа како избезумени рудари се обидуваат да ги извлечат своите колеги од урнатиот рудник во Конго.
По обилните дождови, за малку беше избегната трагедија во урнатиот рудник за злато во Демократска Република Конго, откако девет рудари успеаја да побегнат.
На објавеното видео се гледа како рудари излегуваат од тесна дупка, откако нивниот колега со голи раце ја копа земјата за да не дозволи отворот да биде затрупан со земја.
Недостатокот на безбедносни процедури и соодветна опрема се фактори кои често прават проблеми во локалните рудници.
Ваквите инциденти се сметаат за доста чести во провинцијата Јужен Киву, која е полна со неформални, често опасни рударски локации.
View this post on Instagram