Првиот човек на полската полиција е повреден кога во неговото седиште во Варшава експлодирал подарок што го добил за време на посетата на Украина, соопшти полското Министерство за внатрешни работи.
Јарослав Шимчик доби подарок од еден од водачите на украинската служба за итни случаи кога беше во Украина на 11 и 12 декември.
„Командирот е полесно ранет и од вчера е во болница“,соопшти Министерството, додавајќи дека инцидентот се случил во средата.
Засега не е јасно за каков подарок се работи.
Полските медиуми претходно објавија дека Шимчик бил ранет во експлозија во седиштето на полицијата, при што е оштетен и таванот на зградата.
Полска побарала соодветни објаснувања од украинските сили, се вели во соопштението.