Српските медиуми претпладнево јавуваат за тешка сообраќајна несреќа на автопатот 53 во Унгарија, во која најмалку 15 лица се повредени меѓу нив и две даца откако од засега непознати причини се преврте автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград. Во автобусот имало 55 патници и сите се српски државјани.
Повредените биле извлечени преку ветробранско стакло на автобусот.
Сопственикот на компанијата Ненад Ќелиќ, информираше дека патувањето го продолжиле 35 патници, а во болница се задржани еден возач и една жена.
Повредените во несреќата биле извлечени и згрижени со неколку амбулантни и пожарникарни возила.
Еден од патниците на автобусот кој се превртел во Унгарија го опишал непријатното будење што го доживеал при превртувањето на возилото.
„Сите спиевме во автобусот, јас бев полузаспан, слушнав некое шкрипење, како да е фатен работ од патот. Потоа почна вртењето. Пожарникарите дојдоа навистина брзо и почнаа да ги извлекуваат повредените преку шофершајбната“, изјави Угљеша Саванов за Телеграф.рс.
Како што рекол, брзата помош и полицијата биле веднаш на терен.
„Потоа започна истрагата. Околу 7:30 сите бевме веќе пред автобусот. Возачите се добро, слушам. За среќа немаше многу повредени, на некои им беше укажана помош на лице место, некои се пренесени во болница“, рекол Угљеша.