Повредени 30 патници во сообраќајка со автобус полн со ученици

На автопатот Приштина-Пеќ, кај градот Враголија, се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени 30 лица.

Медиумите јавуваат дека во несреќата учествувал автобус кој превезувал ученици од екскурзија во Албанија.

Advertisements

Според косовската полиција, во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион и автомобил со ознаки „РКС“.