Познат е идентитетот на петтемина луѓе за кои се верува дека се наоѓаат во туристичката подморница „Титан“, која исчезна во Атлантскиот Океан додека била на пат кон остатоците на „Титаник“.
Меѓу нив се и двајца милијардери, британскиот бизнисмен и авантурист Хамиш Хардинг и Шахзада Давуд, еден од најбогатите луѓе во Пакистан.
Давуд тргнал на опасното патување со синот Сулејман, а во екипажот се и 73-годишниот француски истражувач и експерт за „Титаник“ Пол-Анри Наржеоле и Стоктон Раш, извршниот директор на „Оушнгејт“, компанијата која ги организира овие тури за 250.000 долари од место.
Морнариците на САД и Канада, владини агенции и фирми за истражување на големи длабочини учествуваат во потрагата, но засега нема знаци од пловилото долго 6,7 метри, со кое контактот бил изгубен еден час и 45 минути по нурнувањето во неделата претпладне.
Се верува дека подморницата во тој момент била оддалечена 1.450 километри од брегот на САД.
Според стручни лица има три можни теории за ненадејно исчезнување на подморницата.
„Мислам дека постои оптимистичка опција дека или изгубиле контакт со контролниот центар или имало дефект, но подморницата продолжува да функционира, но очигледно не е во контакт со својот матични брод. Исто така, можно е да се случила катастрофална трагедија, а подморницата да се заглавила во остатоците од Титаник. Се уште не го знаеме одговорот“ вели поранешниот контраадмирал Крис Пари.
Despite being in the middle of the North Atlantic, we have the internet connection we need to make our #Titanic dive operations a success – thank you @Starlink! pic.twitter.com/sujBmPr3JD
— OceanGate Expeditions (@OceanGateExped) June 1, 2023