Познатиот ланец на маркети го повлекува овој производ поради сомневање за салмонела

Познатиот ланец на маркети ДМ превентивно повлече од продажба прехранбен производ од сусам „dmBio tahini susame paste, 250g“ во Хрватска, бидејќи не може да ја исклучи можноста за присуство на бактерија салмонела.

Станува збор за производи со рок на употреба до 21.02. 2025 и 25.02.2025 година, пишува Index.hr.

„Со цел да се обезбеди највисоко ниво на производот и безбедноста на клиентите, ги замолуваме клиентите да проверат дали купиле dmBio Tahini Susame Paste 250g во наведените рокови и да не го консумираат производот, туку да го вратат во продавницата каде што ќе да бидат обесштетени со замена на производот или рефундирање на пари. Производот може да се врати отворен или неотворен и без приложување на сметката“, се вели во соопштението на компанијата.

Advertisements