Прекин на огнот во траење од 36 часа објави Москва

Руската државна телевизија објави дека прекинот на огнот почна точно напладне по московско време за да можат војниците да го прослават православниот Божик.

Телевизијата наведе дека „денеска напладне на целата борбена линија стапи во сила режимот на прекин на огнот. Тој ќе трае до крајот на 7 јануари”

Рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт почнувајќи денеска на пладне.

Advertisements

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и сојузниците тврдат дека примирјето е само игра на Путин.

Според Зеленски целта е да се запре напредувањето на украинските сили во Доњецк и поширокиот источен регион Донбас, а за време на примирјето да се внесат повеќе руски војници во Украина.