Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељај Свечља денеска изјави дека Приштина чека КФОР да реагира и да ги отстрани барикадите на северот на Косово што ги поставија Србите, во спротивно, ако тоа не се случи, ќе бидат отстранети од косовската полиција.
„Заради поголема стабилност, чекаме тоа да го направат тие што ги поставија барикадите или КФОР, но чекањето заврши“, рече Свечља на прес-конференција во Косовска Митровица, пренесуваат приштинските медиуми.
Тој додаде дека косовската полиција ги има сите потребни капацитети да ги отстрани барикадите.
Тој рече и дека барикадите ја изгубиле својата намена и оти, како што вели, Србија ги користи за да ги блокира правните дејствија на т.н. Косово.
Свечља рече дека поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред неколку дена, се уште се наоѓа во полициската станица кај Јариње, дека неговата состојба е добра и дека се лекува соодветно.
Како што истакна косовскиот минитер за внатрешни работи, приоритет за приштинските власти е трансферот на Пантиќ во соодветен притвор, а за тоа, како што рече, побарале помош од меѓународните партнери.
Кога станува збор за барањето за ослободување на Пантиќ, Свечља рече дека тоа е неприфатливо за Приштина.