Српската професорка на Факултетот за политички науки Неда Тодоровиќ, која живее недалеку од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, сподели приказна со јавноста што ѝ ја раскажал локален продавач близу училиштето каде што се случи злосторство кое го изврши ученикот Коста.К.
Професорката Д-р Тодоровиќ вели дека ги познава сите продавачи во продавниците околу училиштето, а еден од нив и раскажал неверојатна приказна за К.К и за неговата сестра.
„Влегов во продавница и продавачот ми рече: „Сите тие деца многу добро ги познавам, бидејќи секојдневно пазарат кај мене. Го познавам и тоа момче и неговата сестра. Таа дојде кај мене пред некој ден и сакаше да ми плати нешто. Извади пари од џебот, па и испадна нож. Се намуртив и ѝ реков: „Што ќе ти е тебе овој нож?, а таа ми рече: „Не е мој, од брат ми е. Тој го носеше, но дојде полиција и се плашеше да не го најдат кај него и ми го даде“. Ова се информации од продавач кој ги познава. Тоа дете носело нож на училиште, а дали знаеме дали некои други деца носат ножеви на училиште? – рече проф. д-р Неда Тодоровиќ која беше гостинка на српската телевизија К1.
Професорката вели дека во случајот со трагедијата низ која сите минуваме, „виновни се родителите, а не детето“. Како што објаснува таа, „детето е производ на она што го учеле неговите родители дома, а за тоа во овој случај имаме и материјални докази – дека детето го имало сето тоа на располагање“.