Пронајдена мртва внуката на косовскиот политичар Тачи

Халил Тачи, пратеник во Собранието на Косово од движењето Самоопределување, во неделата објави дека неговата внука починала, пренесуваат косовските медиуми, притоа не објавувајќи го нејзиниот идентитет.

Косовската полиција соопшти дека постои сомневање дека 31-годишна жена се самоубила во Обилиќ.

„Врз основа на предистражни дејствија, иако постојат елементи кои би можеле да бидат самоубиство, полицијата во координација со државниот обвинител започна истрага за смртта и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, кои би помогнале во истрагата на инцидент како и целосно расветлување на случајот“, соопштија од косовската полиција.

Advertisements