Прослава на 18. роденден се претвори во ужас – девојка исчезнала од забавата, пронајдена во нива со искината облека

Германската полиција денеска уапси 20-годишен Германец под сомнение дека силувал и убил девојка (19) во Брамше.

Злосторството се случило во саботата вечерта за време на забава за по повод 18. роденден, пренесува Билд.

Имено, две девојки го славеле своето полнолетство во фестивалска сала во германскиот град Брамше. Околу 01 часот и 30 минути гостите забележале дека исчезнала 19-годишна девојка.

Advertisements

По долга потрага била пронајдена околу 02:40 часот на нива со тешки повреди. И покрај напорите за спасување, девојката починала набргу по пристигнувањето во болница.

Страшното злосторство очигледно се случило додека забавата била во полн ек.

Полицијата и противпожарната единица пристигнале на местото на злосторството во ноќта меѓу саботата и неделата. Полициските сили го опколиле просторот околу салата.

Обвинителот д-р Александар Ретемајер за Билд потврди дека осомничениот за делото е уапсен.

“Уапсен е во неговиот стан, не бил пијан. Гостите на забавата дале индиции за него. Се верува дека бил близок со жртвата”, рекол обвинителот.

Според него, наодите јасно укажуваат на сексуален престап, а на жртвата и била искината облеката.

Билд пренесува дека и двајцата биле гости на забавата.