Путин прогласи победа – освоил над 87 отсто гласови

Претседателот Владимир Путин освоил рекордни 88 отсто на претседателските избори, покажаа првите резултати и излезните анкети, со што ја зацврсти неговата моќ. Тој е на власт 24 години.

„Колку и да се обидоа да нѐ исплашат, да ја потиснат нашата волја, нашата совест, никој никогаш не успеал во историјата. Не успеаја сега, нема да успеваат ни во иднина. Никогаш“, рече Путин од својот изборен штаб и прогласи победа.

Шефот на Централната изборна комисија Ела Памфилова за руската државна телевизија изјави дека за Владимир Владимирович Путин се избројани 15.759.224 гласови – односно 87,97 отсто. Излезноста беше 74,22 отсто, рече таа.

Advertisements

Со преброени 30 отсто од гласовите, комисијата на останатите кандидати им дава меѓу 3 и 4 отсто, но централно место на ова гласање ќе бидат гласовите од окупираните украински територии.

Во Луганск, во источна Украина, комисијата извести дека Путин биле 94,12 отсто од гласовите, во Херсон 88,12 отсто, а во Доњецк и Запорожје исто така му доделија повеќе од 90 отсто од гласовите.

Првиот резултат значи дека Путин, кој дојде на власт во 1999 година, се чини дека лесно ќе добие нов шестгодишен мандат со кој ќе го надмине Јосиф Сталин како лидер со најдолг стаж во Русија.