„Путин се плаши од мртвиот Навални како што се плашеше од живиот“, ќерката на Борис Немцов за сервис на РСЕ

Владимир Путин се плаши од мртвиот Навални не помалку отколку што се плашеше од живиот Навални, изјави Жења Немцова за Курент тајм, сервис на РСЕ, во телевизиско интервју една недела откако руските власти соопштија дека Навални починал во затворот.

Жења Немцова, како што објави РСЕ, е протераната ќерка на убиениот политички непријател на Кремљ, Борис Немцов.

Таткото на Немцова беше популарен постсоветски политичар кој стана гласен критичар на Путин, кој, како и Навални, изготви длабински извештаи за корупција пред неговата смрт.

Advertisements

Борис Немцов беше застрелан на мост во близина на Кремљ во Москва во февруари 2015 година, неколку недели откако јавно изрази стравување дека Путин би можел да го убие.

Немцова рече дека руската државна телевизија првично „блаконаклоно го покриваше татко ми, но сè се промени… кога беше погребниот марш“ што ја покажа популарноста на нејзиниот татко со десетици илјади Руси кои излегоа на улиците.

Руските власти потоа го обесхрабрија изразувањето на жалост или гледаа на другата страна бидејќи ултранационалистите ги малтретираа симпатизерите на убиениот Немцов.

„Тие разбираат дека истото ќе се случи и со Алексеј Навални доколку се дозволат јавни обележја“, рече Немцова.

Таа изјави дека е „апсолутно убедена дека милиони луѓе во Русија и надвор од Русија се длабоко загрижени и тагуваат за убиството на Навални во затвор“.

Според неа, стотици илјади ќе присуствуваат доколку се одржи погреб за него дури и во услови на сегашна репресија.

ФОТО: РСЕ