Разрешена од функцијата обвинетата потпретседателка на Европскиот парламент

Пратениците на Европскиот парламент ја разрешија грчката пратеничка Ева Каили, која беше обвинета за корупција од белгиските власти.

За разрешување на обвинетата потпретседателка гласаа 625 од 628 пратеници. Хрватската независна пратеничка Колакушиќ гласаше против разрешувањето на Каила, а двајца парламентарци беа воздржани..

Претходно, претседателката на парламентот Роберта Мецола објави дека Конференцијата на претседатели, парламентарно тело составено од претседатели на пратеничките групи и претставник на независни пратеници, едногласно одлучила да му предложи на Европскиот парламент да го прекине потпретседателскиот мандат на грчаката пратеничка.

Advertisements

За одлуката за разрешување беше потребно двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците.

Каили, е едена од 14-те потпретседатели на парламентот, беше меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија овој викенд поради наводите дека Катар ги поткупил за да влијае на парламентарните одлуки.