Во 2022 година, Швајцарската национална банка (SNB) ја направи најголемата загуба во историјата – дури 143 милијарди долари (132 милијарди швајцарски франци).
Ова значи дека централната банка нема да уплаќа средства во швајцарскиот буџет, што е втор пат од 1906 година кога е основана.
Речиси целата загуба доаѓа од падот на вредноста на девизните резерви, поради девалвацијата на девизните валути.
Во текот на минатата година, девизните резерви на банката се намалија за 17 отсто, од 945 милијарди на 784 милијарди франци. Од друга страна, од поскапувањето на златото заработи околу 400 милиони франци, додека од загубата на вредноста на имотот во франци загуби околу една милијарда франци.
Не само што државата нема да добива приходи во буџетот, туку дивиденда нема да добијат ниту акционерите на швајцарската народна банка. За разлика од другите централни банки, Швајцарија е акционерско друштво чии акции се тргуваат на берзата. Околу половина од акциите се во сопственост на државни институции, додека останатите се во рацете на фирми и физички лица.