Родителите на Коста.К се огласија во јавноста: Секој ден плачеме од неизлечива болка

„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете кое загина и за Драган кој со толку љубов се грижеше за децата“, велат родителите на Коста.К момчето кое го изврши масакрот во белградското училиште.

Тие прв пат по злосторството излегоа во јавноста и изразија сочувство на семејствата на убиените ученици.

„Длабоко и најискрено жалиме и испраќаме наше сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Засекогаш во тага“ – семејството Кецмановиќ“.

Advertisements

Мајката била сослушана вчера во белградската полиција, а како што дознава „Телеграф“ разговарот траел со часови.

Таа била придружувана од нејзината адвокатка Ирина Боровиќ.

„Мајката беше сослушана како граѓанин. Таа зборуваше со часови. Не е обвинета за никакви кривични дела. Таа кажа се’ што и беше побарано, одговараше на сите прашања. Нејзината цел, како и сите други, е да го реши ова, да да се види што бил проблемот и да се најде најдоброто решение за целата оваа ситуација. Што се однесува до приказната дека К.К е дете на разведени родители, тоа не е вистина. Таткото и мајката живеат заедно цело време, тие не се разделени и, како што рече мајката, тоа било хармонично семејство кое соодветно се грижело за своето дете.Исто така изјавила дека никој не можел да претпостави дека К.К., ќе го стори делото за кое е осомничен“, кажал за „Телеграф“ извор од истрагата.

Првото основно јавно обвинителство во Белград утврдува дали мајката на момчето кое го изврши масовното пукање сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.