Родителите на убиецот Коста.К добија стотици закани, најдобро е да се иселат од Србија

Српските психолози и криминолози, како што пишуваат тамошните медиуми, сметаат дека најдобро решение за семејствотоа на момчето убиец од Белград Коста.К е тие да се иселат во странство, особено за сестрата на Коста која има десет години.

Родителите на Коста добија стотици закани преку Интернет по невиденото злосторство што го изврши нивниот син. Таткото Владимир, моментално е во притвор, а мајката, земала неплатен одмор од Биолошкиот факултет каде работи и е со ќерката во непознато место во Србија.

Во тоа училиште сигурно нема да се врати помалата сестра на Коста, која исто како него учеше во основното училиште „Владимир Рибникар“ и моментално е четврто одделение.

Advertisements

Милан Костиќ, психолог и судски вештак, смета дека и помалата сестра на Коста е жртва на нејзиниот брат, бидејќи таа ќе ги сноси последиците од неговото дело до крајот на животот.

„Таа девојка не направи ништо, а цел живот ќе биде обележана и жигосана. Тоа ќе го прави околината и мислам дека треба да се заштити што е можно повеќе. Ваквата ситуација кај нас не е вообичаена, но важно е да ѝ се објасни на мајката колку е сложена ситуацијата за нив и дека можеби најдоброто решение е да ја напуштат државата. Мислам дека разделбата од Коста е неопходна во овој случај. Мајката треба да разбере дека покрај синот има и ќерка и дека мора да направи нешто за да ја заштити“, вели Костиќ.

Добривоје Радовановиќ, криминолог, истакнува дека Коста уништи многу животи и семејства со невидениот масакр.

„Уништено е се, вклучително и неговиот живот и животите на сите семејства кои ги огорчи со својот чин. Ги уништи и животите на својата мајка, татко и сестра. Неговото семејство многу години ќе трпи страшни последици бидејќи вакво нешто тешко се заборава“, изјави Радовановиќ.