Рускиот опозиционер Алексеј Навални починал во затвор, неговата сопруга Јулија го обвини Путин

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални е мртов, соопшти затворската служба на регионот Јамало-Ненец, каде што тој ја отслужуваше казната, објави агенцијата Ројтерс.

Во соопштението објавено на својата веб-страница, Федералната казнена служба на автономниот округ Јамало-Ненец рече дека Навални „се чувствувал лошо“ по прошетката во петокот и „речиси веднаш изгубил свест“.

Се вели дека медицинскиот персонал бил повикан, но дека не можеле да го реанимираат Навални. Се наведува дека се утврдува причината за смртта.

Advertisements
Јулија Навални денеска изјави дека не им верува на руските медиуми кои објавија за смртта на нејзиниот сопруг, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, но ако се покаже дека е вистина, таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин за тоа и го повика светот на борба против неговиот „ужасен режим“.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ