САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина, вреден 2,6 милијарди долари

САД подготвуваат нов пакет воена помош за Украина од 2,6 милијарди долари, кој ќе вклучува радари, противтенковски ракети и камиони со гориво, а ќе биде објавен во понеделник, јавува Ројтерс.

Се очекува пакетот да содржи неколку видови муниција, вклучително и онаа за тенкови, а точниот список на воена опрема ќе биде познат до крајот на викендот, изјавија за Ројтерс официјални лица кои сакаа да останат анонимни.

Околу 2,1 милијарда долари помош доаѓа од специјалниот Украински фонд за помош, кој и овозможува на администрацијата на претседателот Џо Бајден да купува оружје директно од производителите, наместо да го испорачува оружјето складирано во американските магацини.

Advertisements